МакедонијаТоп

Македонскиот јазик трајно ги спои Сила од Турција и Миколај од Полска

Педесет и петтата школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култураМСМЈЛК при УКИМ која броеше околу шеесетина други семинаристи создаде една убава љубовна приказна, во која преку изучувањето на македонскиот јазик и македонската култура се вкрстија љубовните патишта на Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска. Сил Екин и Миколај Зараѓи од Полска минатата година се запознале на Летната школа во Охрид и по пет месеци се венчале.

– Вљубеноста во македонскиот јазик и македонската култура, Сила Екин од Турција и Миколај Зараѓи од Полска, од две различни страни на Европа ги доведе крај брегот на Охридското Езеро, на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ. Исто како и уште шеесетина други семинаристи од различни страни на светот.

Но, тие двајца почувствуваа и сфатија дека за нив, македонскиот јазик е јазикот на љубовта. И тука, крај Охридското Езеро, на македонски јазик, еден на друг си рекоа: ТЕ САКАМ!

Пет месеци потоа, дури траеше Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ, еден на друг си ветија вечност на нивната љубов. Драги Сила и Миколај, ви посакуваме љубовта еден кон друг и среќата во заедничкиот живот, секојдневно да ви се распламтуваат. А заедно со нив и вашата заедничка љубов кон македонскиот јазик и македонската култура заради која тука, во срцето на Балканот ви се вкрстија патиштата и вашите срца започнаа забрзано да чукаат срцето на Сила за Миколај, а срцето на Миколај за Сила, во ритамот на македонскиот 7/8 такт. Ве очекуваме, повторно, но овојпат заедно да дојдете крај брегот на Охридското Езеро, онаму каде што првпат си подадовте рака и зачекоривте заедно по патот.

Вашата приказна е (и) убава македонска приказна. Раскажувајте ја (и) на македонски јазик, се вели во објавата на Фејсбук страницата од Меѓународен семинар за македонски јазик, литература.

Поврзани вести

Back to top button