Македонија

Македонскиот државјанин Мухамед Алиевски е приведен поради криумчарење на мигранти

Македонски државјанин е приведен од британската полиција поради сомнение за криумчарење мигранти, пренесува Би-Би-Си. Станува збор за 28-годишниот Мухамед Алиевски.

Алиевски од Македонија во саботата наутро бил уапсен во британскиот град Ашфорд. Алиевски е лишен од слобода поради сомнение за криумчарење на мигранти. Заедно со Алиевски приведен е и 22-годишен албански државјанин, кој бил баран за издржување на казна затвор поради трговија со дрога.

На Алиевски му е одредена мерка притвор.

Поврзани вести

Back to top button