Македонецот Александар Волкановски кој живее во Австралија ќе го тренира сопственикот на „Фејсбук“, Марк Закерберг за најавената борба против Илон Маск. Американските медиуми објавија фотографија каде што Закерберг е покрај Волкановски, но и уште една УФЦ-ѕвезда, односно Израел Адесања.
Изминатиот викенд Александар Волкановски на импресивен начин го нокаутираше Јаир Родригез, а брзо потоа Цукенберг реши да одржи тренинг со македонскиот борец.
Двајцата милијардери, Илон Маск и Марк Закерберг се договорија да се борат меѓу себе во кафез.
Маск, го предизвика Цукенберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на „Твитер“.
– Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Закерберг без други опции, напиша Маск на Твитер.
Тој додаде дека е за „тепачка во кафез“ со сопственикот на „Фејсбук“, „ако и тој е за тоа“.
Закерберг брзо го прифати предизвикот и објави скриншот од твитот на Маск со натпис „испрати ми локација“. И доби одговор дека пресметката ќе биде во „Вегас октагон“ Октагонот е душек за натпреварување и ограден простор што се користи за натпревари на ултимејт фајт.
Маск, кој овој месец полни 52 години потоа на Твитер најави дека има своја тактика иако нема навика многу да тренира.
– Имам одличен потег што го нарекувам моќ, каде што само лежам над мојот противник и не правам ништо. Речиси никогаш не вежбам, освен кога ги земам моите деца и ги фрлам во воздух, напиша Маск.
Нивната размена на твитови стана вирална меѓу корисниците на социјалните мрежи, кои дебатираа кој ќе победи во борбата.