МакедонијаТоп
Мајка се тресеше и плачеше: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“
Мајка почна целата да се тресе од болка, говорејќи на протестот пред Владата за кражбата на лекови во Онкологија. Таа го прекина говорот, по што собраните и даваа да се напие вода за да се смири. Мајката зборуваше за смртта на нејзиниот син, кој починал на 31 година, а неговата хемотерапија била неуспешна.
Таа изјави дека проблем со цитостатици нема само во јавното, туку и во приватното здравство, каков што бил нејзиниот случај.
Протестот се случува откако беше објавено дека на пациентите на Клиниката за онкологија им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар.
Пред владината зграда се скандира „крадци, убијци“, а се бараат и оставки.