Свет

Мајка монструм, ја продала својата ќерка на друга жена за 100 евра

54-годишна жена, која во Бугарија на друга жена за 100 евра и ја купила ќерката, одговара пред судот во Германија, откако била обвинета дека во 2006-та година тогаш 15-годишна тинејџерка довела во Дортмунд и ја принудувала на проституција.

“Само плачев”, изјавила жртвата, која денес има 29 години, на почетокот на судењето во Дортмунд.

Во обвинението е наведено дека обвинетата, исто така Бугарка, ја упатила жртвата во сексуална пракса, за потоа да ја принудува на проституција во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи и награди.

Веднаш првата вечер тинејџерката имала осум клиенти, а според сопствените зборови, не знаела што ја чека во Германија.

“Не знаев што ќе правам во Германија”, изјавила пред судот.

“Отидов бидејќи мајка ми така ми кажа”, додала таа.

Се што заработувала мора да и даде на својата подведувачка, а кога еднаш сокрила 80 евра во градникот, добила ќотек. Не се осудувала да побегне, бидејќи била премногу исплашена.

Сопругот на Бугарката претходно бил осуден на пет години и осум месеци затвор поради трговија со луѓе со цел сексуално искористување, а неговата сопруга била подоцна уапсена.

Поврзани вести

Back to top button