Македонија
Љубовен колеж во Скопје: Синот повреден, таткото се бори за живот
Вчеравечер околу 22 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека во куќата сопственост на О.Ш.(1956) и М.Ш.(1985), лицата Р.Р.(1962) и И.Р.(1996) со употреба на нож и дрвена палица ги нападнале О.Ш. и М.Ш.
Причина за настанот според кажувањето е бидејќи М.Ш. ја раскинал љубовната врска со ќерката на Р.Р., односно сестрата на И.Р.
Од страна на полициски службеници Р.Р. и И.Р. се приведени и пронајдени се нож и дрвена палица, додека О.Ш. и М.Ш. со возило на Брзата помош се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде кај О.Ш. се констатирани тешки телесни повреди, поточно три убодни рани во градниот кош и три убодни рани во абдоменот и се наоѓа во животна опасност. Неговиот син М.Ш. се здобил со расекотина на нога.