Живот

Куса, но моќна: Важна и поучна приказна за пријателството

Оваа куса приказна за птиците е голема поука и за луѓето.

На препелицата ѝ се случила страшна несреќа – ѝ се запалило гнездото.

Долетал гавранот и видел што се случило.

„Така ти е кога не внимаваш“, рекол и во огнот фрлил една сува тревка.

Потоа од некаде долетала и ластовицата. Видела што се случува и во клунот донела капка вода и ја испуштила во огнот.

Од сувата трева, што ја фрлил во огнот гавранот, пожарот не станал поголем. Ниту пак од капката вода што ја донела ластовицата пожарот не станал помал.

Но, затоа препелицата дознала кој ѝ е непријател, а кој пријател.

Поврзани вести

Back to top button