Македонија
Ќулавкова: Целта со албанскиот е јазична и административна окупација на цела Македонија
Реплицирајќи ѝ на професорката Симона Груевска-Маџоска на Твитер, академик Катица Ќулавкова нагласува дека целта на двојазичноста во Македонија не е албанскиот јазик да биде регионален или кантонски.
„Македонија Швајцарија на Балканите, но не според Ванчо Михајлов, туку според Агенцијата за примена на јазиците“, твитна Груевска Маџоска од Институтот за македонски јазик.
„Концептот ‘Швајцарија на Балканот’ одамна го напуштија. Не сакаат тие албанскиот јазик да биде регионален или кантонски. Целта е јазична и административна окупација на ЦЕЛА Македонија“, ѝ одговори Ќулавкова, книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар и поет.