Иако неколку очевидци го виделе регистарскиот број на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила возилото, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.
Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) се ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина, локален Албанец, пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.
Според соопштението, во моментот на нападот, децата се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив, јавува Косово онлајн.
„Тие се здобиле со прострелни рани. Eдното момче било застрелано во раката, а другото во рамото, имале среќа што не биле животно загрозени. Во овој момент се транспортирани во Клиничката болница во Грачаница, каде што ќе ја добијат најдобрата можна грижа.
Станува збор за очигледен обид за убиство на невини српски деца само затоа што носеле бадниково дрво и со тоа јасно покажале дека се Срби“, се наведува во соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија. Иако неколку очевидци го виделе регистарскиот број на возилото од кое се пукало, локалната полиција го пуштила возилото.