Македонија
Крвава свадба во Македонија – го раниле додека се веселел
Во текот на викендот се случи крвава свадба во Гостивар, кога момче било рането па итно оденсено во болница. Се работи за 31-годишниот Ц.Ѓ. кој во 15 часот бил донесен во Медицинскиот Центар во Гостивар, откако се здобил со прострелна рана во вилицата на свадбена веселба.
Веселбата се случувала на улицата „Мара Угринова“ бр.52.
По укажаната медицинска помош, како итен случај е препратен кон Клиничкиот центар во Скопје.