Над централниот дел на Италија и Јадранот ноќта на 27 март можеше да се види прстен од црвено светло што личеше на сцена од научно-фантастични филмови, пишува „National Geographic“. Иако според сведоците овој феномен траел кратко, фотографот Валтер Биното успеал да направи фотографии, кои станале вирални и започнале еден куп теории.
Сепак, научниците набрзо се јавија и објаснија за што се работи.
Феноменот е познат и како – емисија на светлина и многу ниска фреквентна пертурбација поради извори на електромагнетни импулси. Дијаметарот на кругот во овој случај бил 360 км, а тој претставува вид на пертурбација создадена во стратосферата или мезосферата поради интензивната електрификација на грмотевиците.
Со други зборови, кога електромагнетни пулсирања на молња ќе ја погодат јоносферата на нашата планета во нејзините горни делови, се појавува црвено светло.