Македонија
Кристијан го фати светиот крст во Скопје: „Минатата година ми донесе синче, здравје и среќа, тоа го посакувам на сите“
Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади крстот од водите на Вардар.
Светиот крст беше за кратко време изваден од реката.
-Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок, кажа Кристијан.