Свет

Кралот и кралицата на Белгија се евакуирани од Брисел

Кралот и кралицата на Белгија биле евакуирани од Брисел, пренесе ТАСС, повикувајќи се на белгиската телевизија Ер Те Бе Еф.

Кралот Филип и кралицата Матилда се евакуирани од својата палата во Брисел поради терористичките напади, објави телевизијата.

Белгиските власти попладнево соопштија дека во денешните координирани терористички напади на аеродромот и во метрото во Брисел, загинале 34 лица, над 150 се ранети.

Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, според последниот биланс на жртвите, во нападот на аеродромот „Завентем“, животите ги загубиле 34 луѓе.

Во експлозијата пак во возот на метро станицата Малбек загинале 20 луѓе.

Дел од над 150-те ранети во нападите се во критична состојба.

Поврзани вести

Back to top button