Ковачевски: Ќе има кратење на патните трошоци и набавките на возила во институциите
Заштедите кои ги планираме се однесуваа на повеќе буџетски ставки со кои треба да се обезбеди заштеда во буџетот за над 220 милиони денари. Овде влегуваат околу 80 милиони денари за патните трошоци. Ставката за поправка и одржување е намалена за 48 милиони денари, набавката на нови возила е намалена за над 33 милиони денари како и за останати расходи и репрезентации, која исто така е намалена за над 62 милиони денари, вели премиерот
Овој буџет (за 2023 година н.з.) е мој прв прв буџет како премиер и јас лично се заложив и ќе се залагам тој да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата, вели премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.
Тој истакнува дека во Предлог-буџетот за 2023 година има „огромни заштеди на помалку продуктивните трошења, како одговор на кризата“. Кратење на трошоците, според премиерот најмногу има во патните трошоци, на одржување и поправки и на набавка на нови возила.
„Заштедите кои ги планираме се однесуваа на повеќе буџетски ставки со кои треба да се обезбеди заштеда во буџетот за над 220 милиони денари. Овде влегуваат околу 80 милиони денари за патните трошоци. Ставката за поправка и одржување е намалена за 48 милиони денари, набавката на нови возила е намалена за над 33 милиони денари како и за останати расходи и репрезентации, која исто така е намалена за над 62 милиони денари“, вели Ковачевски.