МакедонијаТоп

Косово повторно го ослободи убиецот на македонските деца, од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ молчат

Судот во Приштина го ослободил Алил Демири, кој е осуден на доживотен затвор за случајот Смилковско Езеро од април 2012-та кога беа убиени 5 млади лица. Адвокатот на Демири и претставници на надлежните органи во Скопје потврдија дека тој бил ослободен, објави ТВ Телма.

Веста ја објавија и повеќе косовски медиуми. Неговиот адвокат од Косово Бесник Бериша за веб медиумот „sinjali.com“ изјавил дека обвинителот се повлекол и дека екстрадицијата веќе еднаш била отфрлена.

„По приложените докази од одбраната и појасните аргументи дадени на рочиштето на кое беше адресирано барањето на Обвинителството за определување мерка притвор, обвинителот кој го застапуваше предлогот, се повлече од барањето“, изјавил адвокатот Бериша за „sinjali.com“ каде беше објавена и фотографија од осудениот на доживотен затвор за 5-кратното убиство.

Демири повеќе од 11 години е во бегство, а вчера беше уапсен по меѓународна потерница издадена од Македонија, како што соопшти МВР во координација на македонската и косовската полиција.

По Демири сѐ уште важечка е екстрадицијата која е побарана во 2018-та година. Претходно тој исто така беше уапсен во Косово и одлежа затворска казна за недозволено носење на оружје, но барањето за екстрадиција беше отфрлено.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

За случајот имаше и второ судење, а Алил Демири, во скопскиот кривичен суд беше повторно осуден за тероризам, за 5-кратната ликвидација кај Смилковско Езеро и повторно доби доживотен затвор.

Во бегство е ивториот осуден на доживотен затвор Африм Исмаиловиќ.

Чудно е што и од двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, нема никаква реакција.

Поврзани вести

Back to top button