Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на загинатите и осудените во „Дива населба“
На 29 семејства им се исплатени 290 илјади евра, односно по 10 илјади евра за загинатите и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата, изјавил портпаролот на Министертвото за финансии.
Косовското Министертво за финансии ја реализираше одлуката на Владата за загинатите и осудените за настаните во кумановската „Дива населба“ во мај 2015-та година. На 29 семејства им се исплатени 290 илјади евра, односно по 10 илјади евра за загинатите и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата, изјавил портпаролот на Министертвото за финансии.
Одлуката на Харадинај тогаш наиде на критика во косовската јавност, со потсетување дека лицата се осудени од судот во Македонија, за неколку кривични дела – како нарушување на уставниот поредок, тероризам и терористичка организација, и затоа доделувањето средства на нивните семејства е несфатливо.
Според медиумите во Приштина, Косово еден месец пред настаните од 2015-та година во Куманово, во парламентот го донесе Законот за забрана за учество во вооружени конфликти надвор од територијата на државата.