Македонија
Конзул во Германија, поставен од Димитров ни го честита „ослободувањето“ на Слупчане
Реџеп Демири, генерален конзул на Македонија во Минхен, од својот профил на Фејсбук упати честитка за 2 Мај.
„Честит 2 Мај 2001.,
Слободна зона во Слупчане, Карадак и Липково.
Стотици борци на Ослободителната национална армија заземаа точки за да ги заштитат татковината, правата и албанскиот дух насекаде.
Засекогаш во нашите срца инвалиди, маченици на нацијата!
Слава им!“, објави некогашниот член на ОНА, поставен за шеф на Генералниот конзулат на Македонија во Минхен во јуни минатата година, заедно со галерија фотографии.