Компанијата на Муковски доби тендер вреден 1,2 милиони евра за изградба на објект
Компанијата на семејството на Крсто Мукоски, кој беше еден од неколкумината пратеници избран од листата на ВМРО-ДПМНЕ што ги поддржа уставните измени согласно Преспанскиот договор, доби тендер од државната компанија за изградба и стопанисување со деловен простор, пишува Фрокус.мк.
Според податоците од Бирото за јавни набавки, Атриум од Вевчани на 30 декември минатата година склучила договор со ПУИК за изградба на објект во Свети Николе во вредност скоро 77 милиони денари или 1.2 милиони евра.
Инаку, во Централниот регистар компанијата се води во сопственост на таткото и братот на пратеникот Мукоски – Милан и Бобан Мукоски.
Фокус неодамна објави дека компанијата добила тендер и од Управата за хидрометеролошки работи во вкупна вредност од 3 милиони денари или скоро 49 илјади евра.
Покрај тоа, таа склучила уште неколку договори за јавна набавка, така што во минатата 2018 година склучила договор со Министерството за образование за реконструкција на училишта од над 7 милиони денари, со Град Скопје за енергетски фасади од 2,5 милиони денари, но најголем е договорот до ПУИК за тековно и инвестициски оддржување на објекти од 42 милиони денари.
Извор: Fokus.mk