Македонија

Коки и Кики барале одредени поволности за локација и градба, но градоначалничката на Битола одбила

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната парламентарна седница рече дека институциите водат истрага околу написите за луѓе со псевдоними Коки и Кики, кои, според пишувањата на кои се повика Милошоски, се здружиле и изнудувале средства од актуелни и поранешни функционери и стопанственици.

Заев одговори дека слушнал и дека има сознанија дека веќе е отворена истрага.

„Да, допрел глас до мене. Скопје зборува и внатрешноста зборува. Прашав и проверив, а од институциите рекоа дека има истрага“, одговори Заев.

„Немам намера да лустрирам претходно луѓе, но се знае за која градоначалничка се работи. Се работи за случај од пред една година. Се барало локација за старски дом, се барало урбанизација на локација, но надлежноста е на Советот, а Битола нема намера да прави измена на Генералниот план, си има истрага“, рече Заев.

Поврзани вести

Back to top button