Која e Мира Стојчевска – пратеничката што за девет месеци доби 11.736 евра за патни трошоци
Мира Стојчевска беше кандидатот на СДСМ во Делчево кој се бореше на предвремените парламентарни избори да влезе во парламентот и да ги брани иинтересите на делчевчани. Кандидатот за пратеник на СДСМ од Делчево, Мира Стојчевска во листатата на пратеници во третата изборна единица на истокот се најде на високото 6-то место. Пратеничката за овие девет месеци добила 11.736 евра за патни трошоци.
Таа е родена на 19.7.1966 во Битола и има завршено Шумарски факултет.
Стојчевска е член на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, член во комисијата за еднакви можности на жените и мажите, член заменик-член во комисијата за локална самоуправа, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, и член на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација.
Според патните трошоци, рекордер е Алија Камбероски од ПЕИ, кој потекнува од Струга.