КИРИЛ БОЖИНОВСКИ ГО ТЕРАЛ СОВЕТНИКОТ ТОМИ ЛАЗАРОВ ДА ГО ЛАЖЕ ЧЛЕНСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА ЌЕ СЕ УРИВА ЦРКВАТА „СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“
Томислав Лазаров, кој призна вина и доби условна казна за Насилство во Општина Центар во 2013 година по нарачка на избеганиот експремиер Никола Груевски, на денешното судење посведочи дека на денот на насилствата, на мобилниот телефон повеќе пати му се јавувале обвинетиот Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кој не е во ова обвинение, пренесува порталот Сакам да кажам.
„На седницата на Советот на 7.06.2013 година имаше закажано седница на која требаше да се поништат 4 за нас спорни точки. Во советничката група ни беше кажано дека ќе се поништи ДУП за овие локации, а дека една од нив е таа на која се гради црквата ‘Свети Константин и Елена’“, сведочи Лазаров, тогашен координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ОК Центар.
„Партиски членови ми кажаа дека се формирало здружение ‘Веритас’, кое ќе организира протести за одбрана од уривање на црквата. Ме викна Кирил Божиновски, на состанокот беа сите ОК на ВМРО ДПМНЕ на територија на Скопје. Беа дадени насоки за да се информира членството дека на тој и тој датум ќе има протест пред споменикот на Мајка Тереза до црквата. Не се спомнуваше насилие“, одговараше Лазаров на прашања на обвинителката Фатиме Фетаи како тргнала целата работа, која на 10 јуни 2013 кулминираше во кршење на општината и заробување внатре на советниците од СДСМ.
Пак бил повикан кај Божиновски, кој му дал насоки на продолжението на седницата за три дена, протестите да бидат што помасовни, по секоја цена да се тргнат точките од дневен ред, а на членството што ќе дојде да му се кажува дека СДСМ сака да ја запре градбата на црквата „Свети Константин и Елена“.
Повеќе на сдк.мк