Живот

Кинескиот чај кој чини повеќе од злато

Во 2002-ра, купени се 20 грама од Да хонг пао чајот во вредност од 28.000 долари. Со тоа, овој чај е еден од најскапите во светот.

Овој чај се бере од семејната градина на Шао Хи во Вуишан, а традицијата на неговото производство е во нејзиното семејство со генерации. Грмушките растат на планински предел со минерална почва, каде што редовно има дождови. Селектирањето на лисјата е вистинска церемонија.

Всушност, Да хонг пао има на голема површина, но цената ја качуваат оние неколку антички грмушки што со векови останале на кинеската почва. Експертите за чај велат дека вкусот значајно се разликува од оној од новите грмушки.

caj

Во минатото постоеле неколку обиди да се засади овој чај надвор од Кина, но сето тоа било неуспешно.

Дополнително, уште поскап го прави фактот дека последна берба на античкиот Да хонг пао била во 2005-та и од тогаш се искористуваат резервите.

Поврзани вести

Back to top button