Киев подготвува 425 специјални засолништа во случај на нуклеарен напад
Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена администрација во Киев, соопшти дека на украинска територија се подготвени неколку стотици „специјални засолништа“ како заштита од потенцијален нуклеарен напад од Русија.
Украинската влада се подготвува за најлошото сценарио додека тензиите и понатаму растат во војната меѓу Русија и Украина.
„Последните 8 месеци нè научија дека сè може да се случи“, изјави Кулеба.
Војската подготвува 425 подземни „специјални засолништа“ низ регионот. Веќе постојат илјадници засолништа, но не се сите погодни за заштита од опасност од радијација.
„Ако дојде до нуклеарен напад, најверојатно ќе нема комуникација. Единствена опција е радио врската. Значи, треба да се опремиме со преносни радиостаници на батерии, за да може да се прими сигналот на сите места“, додаде Кулеба.