Македонија
Катица Јанева кон Лиле Стефанова: Ороспијо, гомнарке!
Поранешната специјална обвинителка и обвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева кон денешниот сведок и поранешна колешка во СЈО, Лиле Стефанова, упати погрдни зборови.
Јанева почна да вика: „Ороспијо и гомнарке!“ кон Стефанова по што беше веднаш отстранета од судницата.
„Надвор изнесете ја обвинетата од судница“, нареди судијката, по што полицијата ја изнесе Јанева од судницата.
Расплакана и вознемирена Јанева го напушти Кривичниот суд.