Македонија

Катастрофални податоци: Откако изумреа селата, ни изумираат и скоро сите поголеми градови

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени деца.

Природниот прираст изнесува -177, што значи за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

1 614 деца се родени во Скопје, 189 во Битола, 144 во Велес, 179 во Гостивар, 89 во Кичево, 260 во Куманово, 128 во Охрид, 159 во Прилеп, 81 во Радовиш, 154 во Струга, 171 во Струмица, 255 во Тетово, 100 во Штип. Од друга страна само по 2 деца се родени во Лозово и Вевчани, 5 во Карбинци, и во Зрновци, по 6 во Дојран и Демир Капија.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2018 година бележи намалување од 11.4 % во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 5 432 лицa, а од нив 22 се умрени доенчиња.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.3 % во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 2 532 бракови.

Во ова тримесечје имало 520 разведените бракови.

За споредба бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од
2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2.3% и изнесува 5 352 живородени деца.

Поврзани вести

Back to top button