Македонија

Кандидат за амбасадор и признал на сопругата дека ја изневерува, таа го пробола со нож во грбот

Семејна драма која завршила со насилство и напад со ладно оружје се одржала во домот на Игор П. кандидат за амбасадор на Македонија во Брисел, вечерта на 20 август, дознава дознава „Вечер“.

Како што пишува весникот, инцидентот се случил откако тој на сопругата и соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена. Веста била прилина таа најпрво да се онесвести, а кога се завртел да побара помош таа го прободела со нож во грбот, а потоа и на раката. Откако успеал да ја совлада била повикана Брза помош при што на Игор му биле констатирани тешки телесни повреди, а случајот бил пријавен во полиција.

Игор.П поднел кривична пријава за семејно насилство.

МВР случајот го потврди во дневниот билтен на 21 август.

На 20.08.2020 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Питу Гули“, по семејна расправија, Б.П. со остар предмет го повредила И.П.. Според пријавеното, претходно И.П. физички ја нападнал Б.П., по што таа му нанела убодна рана. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во извештајот на МВР.

 

Поврзани вести

Back to top button