ЖивотФото

Како изгледаат познатите Србинки без шминка (ФОТО)

На насловните страници на женските списанија тешко дека ќе видите женско лице без шминка. Понекогаш се добива впечаток дека општеството не толерира какви било маани, па понежниот пол прави сè за да ги сокрие, од естетски корекции до тешка шминка.

Сепак, поради силните рефлектори и светла, работата на познатите дами често бара од нив да имаат што посилна и потешка шминка. Тоа стана приватна пракса на многу познати личности, а ретки се ситуациите во кои можеме да ги видиме без шминка, во природно издание.

Ви пренесуваме список од 10 дами од српската јавна сцена кои не се двоумат да го покажат своето лице без шминка, туку гордо го истакнуваат тоа и објавуваат фотографии на социјалните мрежи, на кои се сосема природни.

1. Слобода Миќаловиќ

Актерката често додава фотографии на кои е без шминка, а кога е со шминка, секогаш тоа е минимално, претпочитајќи природен изглед.

2. Милица Милша

Милица го користи секој момент за да ужива, и никогаш не се грижи за шминката, додека во 6-та деценија изгледа беспрекорно без шминка.

3. Јелисавета Орашанин


Актерката изгледа многу природно, и покрај минималното пополнување на усните и ботоксот. Често можеме да ја видиме без шминка.

4. Сања Маринковиќ


Водителката често истакнува дека е противничка на вештачкиот изглед, а нејзината шминка секогаш е сведена на минимум, додека често можеме да ја видиме во сосема природно издание.

5. Лидија Вукичевиќ

Негата ѝ е многу важна на актерката и не е чудно што нејзиното лице секогаш изгледа свежо, а таа нема проблем да се појави без шминка.

6. Емина Јаховиќ

Ретки се случаите кога пејачката користи тешка шминка. Таа неодамна лансираше свој бренд за шминка, а често можеме да ја видиме без шминка.

7. Верица Ракочевиќ

Креаторката никогаш немала проблем да се појави во јавноста без шминка, додека ретки се ситуациите во кои таа всушност има шминка на лицето.

8. Сека Алексиќ


Таа е една од ретките пејачки која нема проблем да се појави без шминка и да го покаже негуваното лице.

9. Катарина Радивојевиќ


Од моментот кога се појави на јавната сцена, Катарина го задржа природниот изглед, а минимално користи шминка.

10. Јелена Карлеуша

;

Јелена често користи тешка шминка и  е една од ретките која има храброст да носи многу ексцентрична шминка. Сепак, таа не го крие природното лице, а често можеме да ја видиме и без шминка.

Поврзани вести

Back to top button