Живот

Јокиќ: Само да сум нормален и да живеам во моментот, да бидам нормален човек, да пијам со пријатели, да си играм со децата, да јавам коњи…(ВИДЕО)

Никола Јокиќ е најдобриот играч на актуелните шампиони во НБА, МВП на финалната серија, кој често урива и поставува рекорди, но и анти-ѕвезда, нетипична појава во шоубиз средината на најсилната светска кошаркарска лига.

Тој се отвори за, како што рече, најдобрите прашања што ги добил од доаѓањето во НБА. Тие му беа ставени од соиграчот Мајкл Портер Јуниор во неговиот подкаст.

„Не ми се допаѓа овој живот. Ние сме само кошаркари и добри сме само во тоа што го работиме. Но, медиумите се околу нас и ние сме платени за сето тоа, медиумите и популарноста. Но да се биде познат… Некому тоа му се допаѓа, некому не. Кога ќе ја завршам кариерата, би сакал никој да не ме познава. Би сакал моите деца да ме паметат како татко, а не како кошаркар. Тоа е мојата цел. Да немам телефон, тоа ми е и целта. Само да сум нормален и да живеам во моментот. Да бидам нормален човек, да пијам со пријатели, да си играм со децата, да јавам коњи… Тажен сум затоа што кога одам во кафеана, ресторан или на натпревар, сите ги вадат телефоните и ме сликаат . Тоа е грдо. Јас само сакам да го живеам мојот живот“, вели Србинот.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button