Живот

Јаткастите плодови ни помагаат да не се здебелиме?

Претходните истражувања веќе сугерираа на тоа дека редовното консумирање на јаткасти плодови редовно помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања, а неодамнешните истражувања покажаа дека оревите, бадемите, лешниците, како и кикириките ги намалуваат шансите да се здебелиме како што минуваат годините.

Научниците дошле до овој заклучок со анализирање на податоците од повеќе истражувања во кои учествувале над 140.000 возрасни мажи и жени.

Анализите покажаа дека со зголемување на внесот на јаткасти плодови за половина порција (15 грама) дневно можеме да го намалиме ризикот од стекнување 2 или повеќе килограми за период од 4 години. На овој начин, исто така може да се намали ризикот од дебелина за 15 проценти.

Поврзани вести

Back to top button