Јане Ченто: Побрзо би умрел отколку да се прифати амнестија за замена на уставното име
Правнукот на Методија Андонов Ченто, Јане Ченто кој се наоѓа во затворски притвор во Шутка, при посетата од неговата сестра, истакнал дека сака фер судење, и како што пренел, подброз би умрел отколку да се прифати амнестија за замена на уставното име.
„Не сакам амнестија, ниту аболиција, сакам фер судење, а не местенки. Никој да не преговара амнестија во замена за промена на уставното име. Побрзо би умрел, отколку да се прифати амнестија за замена на уставното име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Издржете македонци, не се предавајте!
Не смеете да ја изгубите вербата во македонштината. Македонија е како езеро, ако неколку капки се нечисти, езерото нема да стане валкано. Ќе дојдат подобри денови, ние ќе издржиме. Издржете и вие надвор!
Да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“, порачал Ченто на својата сестра.
Ченто е еден од обвинетите за насилствата во Собранието минатата година, а на почетокот на април, полицијата го спроведе во затворски притвор во Шутка.