Македонија
Јандриоски: Еве тука еден претседател на ОК од едно симпатично место во централна Македонија мисли дека е наследник на Султан Сулејман
„Еве тука еден претседател на ОК од едно симпатично место во централна Македонија мисли дека е наследник на Султан Сулејман па почнал политики да тера као да е тој единствениот вмровец у тоа место кој треба со години да срка и ужива на позициите од партијата.
Остај тоа што тормози членство, им се јавува по дома и ги гони зашто споделиле фејсбук статус или портал прича, туку си земал за право да шири ЛАГИ и да ги злоупотребува институциите на партијата во негова цел.
Пази ова…Месец дена лаже низ град како ИК на партијата донесла одлука за тој да биде градоначалник, а ликови како секретарот дале амин како тој прецедник килав ( покилав не сте виделе) бил завршена прича и како само прашање на време е кога ќе е ставен за кандидат за градоначалник.
Па уште…..пази ова…..во телефонски повик..ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на партијата му се јавил и му рекол:
-Готоо, завршена работа, за некој ден ќе те промовирам ти си избраниот. Ти си д спешл уан, Хозе Мурињо!!!
Нели ти е срам бе џукело да ги злоупотребуваш институциите на партијата!!??
Нели ти е срам да манупулираш со партија која години наназад те храни и тебе и твојата фамилија?
Како тоа ИК донел одлука, ама пошо си ти, ја чувале у фиока и као чекаат прав момент да ја објават, јер ти си спешл..така?
Дечко, и ти и твоите пајташи..читајте сеа овде!!!
Јако сте ме наљутиле !!
Сте се јавувале кај членство, кај симпатизери, сте се заканувале и сте им претеле со искључување за споделен или лајкнат статус.
Сте се јавувале и оцрнувале ликови МОИ…фамилија!!!
Сеа ќе ви загорчам живот како никој.
5 години не ги ебам два посто комуњарите, немој да мислите дека вас ќе ви ја симнам капата.
Ќе ви ги завршам кариерите на вас, ако не се јавите да им се извините на сите оние кои сте им вршеле тортура и закана.
Ќе ви ги завршам кариерите, со све тие на вашите швалерки.
Претеравте…., пишува долгогодишниот член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Јандриоски кој отворено му даде поддршка на Аце Новески да биде кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Македонски Брод.