Македонија
Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор
Миле Јанакиески и Кирил Божиновски остануваат во Шутка. Апелацискиот суд ги одби нивните жалби и ја потврди денеска одлуката на Кривичниот суд тие да бидат притворени поради можност да избегаат.
Повисокиот суд оцени дека нивните жалби се неосновани. Инаку, двајцата вчера на јавни седници во Апелациониот суд посочија дека не планирале да бегаат, наоди кои ги нагласило Специјалното обвинителство. Дополнително ја обвинија УБК дека изготвила лажна белешка дека планираат бегство врз која СЈО потоа побарало, а судот им одреди 30 дневен притвор. Инаку и двајцата се обвинети во повеќе случаи, меѓу кои за изборни нерегуларности и за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ.