Ивајло Дичев: За пактот со Хитлер нема што да се навредувам, треба да се срамиме
Ивајло Дичев професор по културна антропологија на Универзитетот во Софија и предавач на Универзитети во САД и Франција, е еден од луѓето од интелектуалниот свет во Бугарија, кој има европски мислења и ставови во поглед на македонското прашање и односите меѓу Македонија и Бугарија. Заедно со уште една група интелектуалци ги критикува последните позиции на Совија, посочувајќи во интервју за Прес24, дека највозменирувачко во таа „Рамковна позиција“ на Владата и Парламентот е асиметријата.
-Добро е да се бара од Северна Македонија да ги извади на виделина и да ги осуди злосторствата на југословенскиот комунистички режим, особено кон луѓето, кои се сметале себе за Бугари. Но во истиот текст се одрекуваат злосторствата на бугарските окупатори за време на војната, сојузници на фашистичка Германија, испратиле неколку илјади Евреи во Треблинка. Воспоставувањето на добри односи подразбира симетрија, напори да направат и едните и другите. Во тоа впрочем слични се и комунистите и национал-социјалистите – Само јас сум во право, само мојата теорија и кој не слуша – во казанот. (който не слуша – в кауша), вели универзитетскиот професор, Ивајло Дичев за Прес24.
Тој вели дека бугарската политика ја водат популисти и националисти , но е уверен дека бугарските граѓани искрено зближување на двете држави.
-Сакаат максимално да се зближиме со Македонците, но таа агресивна ароганција само не одвраќа. Зближувањето бара време, трпение, разбирање – тоа не е прашање за историчарите или етнографите, не станува збор за факти, туку за комуникација, вели Дичев.
За него е несфатливо негирањето на македонскиот јазик, но вели дека во Бугарија не постои политичар кој ќе рече дека таков јазик има.
-Тоа се некои такви горе-долу религиозни правила, прифатени во Бугарија – нема политичар, кој ќе се осмели да каже, дека постои македонски јазик. На телевизиите не се преведува од македонски и националистите го заплашуваат секој, кој ќе се обиде тоа да го направи. Јазиците се разделуваат, одвојуваат, во некои моменти државите ги кодифицираат и прават официјални. Германците да им кажат на Данците, дека јазикот не им е валиден, дека треба да ставаат звездичка, со која да објаснуваат, дека данскиот произлегува од германскиот?, вели Дичев за Прес24.
Сепак, според него се ова што сега се случува е дел од политичката агенда во Бугарија, и дека Борисов е заложник на националистите.
-Според мене ќе го притиснат од ЕУ, како што го притиснаа за НАТО од Америка, ќе пошуми уште малку и ќе се смири. Веројатно некој од вашите луѓе ќе даде некаква протоколарна изјава за заеднички корени. Важно е да го прескочиме овој трап – прозорот на можности за Западниот Балкан нема да стои отворен долго, а имаме историска шанса да ги тргнеме границите меѓу нас, вели универзитетскиот професор од Софија, Ивајло Дичев во интервју за Прес24.