Исповед на елитна проститутка од Балканот: Секс чини до 150 евра на час
Се почесто се збoрува за елитна проституција на Балканот. Oва е исповед од една таква проститутка.
Една од девојките што беше уапсена за елитна проституција заедно со нејзиниот „макро“ во декември минатата година, пред полицијата и пред надлежниот обвинител дала детален опис на својот “бизнис” со него.
Таа раскажала дека ММ го запознала во октомври 2013 година и го прашала дали може да се занимава со проституција, пишува „Наши новини“.
– Се договоривме дека сексуални услуги ќе давам во вечерните часови. Цена на класичен секс 150 евра на час, кој мене ќе ми донесе 100 евра, а на ММ 50. Ми одговараше тој договор и почнав да работам веднаш- објаснила таа, и продолжува:
– Ако ММ најде работа, преку порака ме информираше за хотел и број на соба во која треба да се оди. Сексуални услуги сум пружала во хотелите “Москва”, “Лукс”, “Хајат”, и “Холидеј ин”, како и на различни адреси во Белград – раскажала таа.
Таа додала и дека во хотели за секс одела со странците, а во станови со Србите.
Таа, исто така, навела и дека ММ и дал службен телефон и објаснила дека сите кои се вклучени во проституција имале менување на броеви секој месец. ММ ангажирал и секретар кој наместо него и испракал порака и ги информирал и другите девојки за местото на средбата и имињата на клиентите со кои тие треба да се најдат.
– Имав еден клиент минатата недела пред моето апсење во хотелот “Метропол” Мислам дека беше Швајцарец. Ние имавме класичен секс за 150 евра. Тогаш на “работа” отидов со такси. Од девојките кои работат за ММ, знам дека некои од нив и се познати и на јавноста, но нивните броеви на телефони ги немам, дури и не се дружам со нив приватно – завршила таа.