Живот

Исповед на една жена: Здравко Чолиќ за малку ќе ми го уништеше бракот!

Жена со име Милена, комерцијалистка од Умаг, Хрватска, за dnevnik.hr откри дека во една пригода многу се скарала со својот сопруг и тоа поради Здравко Чолиќ.

colic1

„На првиот концерт на Здравко во Љубљана отидов со мојот сопруг. Тој седеше на трибините, а јас во првите редови. Пеев, играв, скокав, и во еден момент, Здравко се наведна и ми подаде шише со вода. Мојот сопруг, кој никогаш дотогаш не бил љубоморен, едноставно полуде! Се скаравме и не зборувавме речиси еден месец. Оттогаш веќе не оди со мене на концертите на Чола, но голем човек е и ја прифати мојата љубов кон него. Благодарна сум му поради тоа, затоа што живеам за концертите на Здравко“, раскажа жената.

Поврзани вести

Back to top button