Исамедин Камберов обвинет за убиството на Благуна Петкоска
Одредени медиуми објавија дека за убиството на 47-годишната жена во охридското село Велгошти е осомничен Исамедин Камберов од Охрид.
Јавното обвинителство соопшти дека за убиството на Благуна Петкоска (47) од Велгошти осомничен е 62-годишен маж од Охрид.
-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. За стореното кривично дело во село Велгошти осомничено е лице на возраст од шеесет и две години, жител на Охрид. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Охрид поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот, стои во соопштението на Јавното обвинителство.
Инаку, на 31 август, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена. Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство. По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење и беше извршена обдукција на починатото лице.
– На телото на сега починатата има траги на насилство и она што во моментов е значајно е дека СВР Охрид изврши ефикасен криминалистичко технички увид и сите тие активности понатака, сите предмети пронајдени ќе бидат анализирани во координација со јавниот обвинител, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид. Верувам дека сите овие мерки кои интензивно се превземаат набрзо ќе вродат со поднесување сооодветана кривична пријава, потенцира Димоски.