Свет

„Иран 100 % прави атомска бомба“

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Јоси Коен изјави дека е „стопроцентно сигурен“ дека Иран и понатаму е посветен на развивање атомска бомба.

– Како шеф на Мосад јас сум 100 отсто убеден дека Иран никогаш не се откажа од својата нуклеарна визија, ниту за момент. Тој договор овозможува Иран да ја оствари таа визија. Затоа верувам дека договорот мора во целост да се промени или да се отфрли. Во спротивно, тоа би била страшна закана за безбедноста на Израел, изјави тој.

Коен за тоа прашање одржа разговори со високи претставници на државата, јавија локални медиуми, повикувајќи се на неименуван извор близок до разговорите.

Поврзани вести

Back to top button