Македонија
Интерактивно следете ги резултатите од рефeрендумот
Од речи си 90 отсто обработени податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 18:30 часот на гласање излегле 620.077 гласачи или 34.72 отсто од вкупниот број запишани гласачи, со што референдумот не е успешен односно не е постигнат потребниот цензус.
Oд обработени 69.089 гласачки ливчиња, 62.940 гласачи (91,1 отсто) одговориле „за“ на референдумското прашање, а „против“ биле 6,04 отсто (4.172).
Обработени се 16 отсто од гласачките ливчиња.
Ова се првите резултати што ДИК ги објавува на својата интернет страница.
Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
Интерактивно можете да ги следите резултатите од рефрендумот