Живот

Индијанска поучна приказна: Тајната на вечната љубов

Двајца млади Индијанци се упатиле до поглаварот на племето и одлучно му рекле: „Ние се сакаме. Сакаме да ни дадеш твој благослов и да не поучиш што треба да правиме за љубовта да трае вечно.“

„Во ред. Пред да појдете со мене, пронајдете два орли и понесете ги со вас, а потоа ќе ви кажам што понатаму.“

Двајцата тргнале во различни правци и по кратко време донеле по еден орел. Кога стигнале повторно кај поглаварот, тој продолжил да им ја раскажува задачата.

„Сега земете го овој коноп и заврзете им ги нозете, за да бидат постојано неразделни. Потоа пуштете ги да летнат.“

Момчето и девојката ги врзале орлите и ги пуштиле да летнат кон небото. Но, безуспешно, затоа што нозете им биле меѓусебно врзани. Паѓале на земја и почнале да се клукаат еден со друг како би се ослободиле.

„Сега пресечете го конопот.“

Во првата секунда по пресекувањето на конопот, орлите се вивнале во небото. Овојпат безгрижно и брзо се издигнале, се завртеле неколку пати во круг и тргнале да ги освојуваат планините.

„Ете ви ја тајната на вечната љубов и среќа. Ако се врзете еден за друг, никогаш нема да полетате. Секогаш летајте одвоено. Само така ќе ја откриете љубовта која носи душевен мир.“

Поврзани вести

Back to top button