Свет
Им фалат 3.200 тесари, 2.200 ѕидари, 250 фасадери
На Хрватите им фалат 3.200 тесари, 2.200 ѕидари, 250 фасадери, 380 армирачи, пишуваат тамошните медиуми.
Понатаму се бараат 400 инсталери на греење, 200 инсталери за плин, 250 водоводџии, 100 бравари, 80 заварувачи.
Вкупно во земјата се потребни 20.000 работници.
Се бараат работници за многу занимања за кои не се потребни некои квалификации.
Хрватите како пример ги спомнуваат Германците кои на учениците им даваат стипендија од 1400 евра месечно, но со обврска по завршување на образованието да работат кај нив.
фото Пословни.хр