Македонија

И покрај надежите на Мицкоски, Ахмети ја „отпиша“ ВМРО-ДПМНЕ од партнер за влада?

Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска го одржа четвртиот конгрес, на кој Али Ахмети беше реизбран за лидер на партијата.

Тој, пак, од говорница им испрати јасни пораки на интегративците и на другите политички партии, пренесе 360.

Освен дека мора да има владеење на правото и проветрување во правосудството, Ахмети рече дека интеграцијата во НАТО и во ЕУ остануваат стратешки приоритети за партијата и дека секој што нема да ги почитува договорите со Грција и со Бугарија, како и Охридскиот договор, не може да смета на ДУИ како партнер.

Поврзани вести

Back to top button