Хуман гест во духот на празникот Свети Никола – донација од здружението
Денот посветен на Свети Никола асоцира на хуманост, помош на оние кои немаат, на сиромасите, болните, ширење на радост и среќа на оние кои ја немаат. Токму заради чудата и добрите дела кои ги правел овој светец почитуван меѓу нашиот народ.
Токму во тој дух, од Здружението „Поинаку“ решија да им помогнат на неколку семејства, да им донесат трошка радост барем во овој период кога празничниот дух сите го чувствуваат.
Тие им помогнаа на 62-годишната Љуба Поповска која живее сама и од социјална помош и 4-членото семејство Ѓорѓиевски кои живеат од една плата, случаи за кои веќе пишуваше Шеталиште.
Од здружението за нив обезбедија донација од храна и облека, а исто така ги израдува и малите дечиња од семејството Ѓорѓиевски со играчки и новогодишни пакетчиња.
Освен на овие семејства, им дадоа донација на уште две семејства, од кои едниот е самохран татко на кого му ја платија и сметката за струја.
Како што велат, целта на овој хуман гест е да се запази симболиката на делата на Свети Никола и да им се помогне на оние кои немаат и да им се донесе барем малку светлина во нивниот живот.
Извор: Шеталиште