Хрватска фирма дава 3.000 евра плата и сѐ уште бара работници
Во една хрватска компанија 170 вработени заработуваат “германска“ плата до 3.000 евра со бенефициран стаж, но и тоа не привлекува доволен број на млади луѓе.
Во Сигетец Лудбрешки, село во близина на градот Лудбрег кој се наоѓа во Вараждинската жупанија, има околу 600 жители, а секој работен ден во него работат повеќе од сто вработени на компанијата Иноксмонт-ВС, која се занимава со метална индустрија, односно со монтажа на индустриски постројки и машини.
Нивната работа е тешка и захтевна, меѓутоа, како што пренесува Пословни дневник, таа е доста добро платена.
Почетната плата во компанијата Иноксмонт изнесува 1.200 евра.
Во објектот во Сигетец работат околу 170 лица, а нивната почетна просечна плата изнесува околу 9.000 куни (1.200 евра). За искусни занаетчии, компанија дава до 23.000 куни или 3.000 евра.
Значи, ова не се случува во Германија кадешто е нормално некој занаетчија да заработува толку многу, туку во северниот дел од Хрватска каде што просечната плата е помала од 5.000 куни.
– За оние кои работат како монтери и заварувачи, воведовме бенефициран стаж со што една година работа се важи како 15 месеци работен стаж. Работниците се осигурани 24 часа од потенцијална несреќа, велат директорите за Б92.
Но, и покрај овие неодоливи услови за работа и напредување, компанијата се соочува со дефицит на потребните кадри. Тие во моментов бараат да вработат заварувачи и лимари.