МакедонијаТоп

Храбра средношколка од Тетово бара правда: Еве зошто бегаат младите, бегаат од неправда, бегаат од распаднат систем, бегаат од негативна селекција

Ученичка Сара Лалиќ од Тетово, на Фејсбук реагира за целиот скандал со Државниот испитен центар и категоризацијата на некои од учениците како препишувачи.

Зошто младите бегаат од државата?

Бегаат од неправда, бегаат од распаднат систем, бегаат од негативна селекција која се врши и бегаат затоа што сонот за успех овде го живеат криминалците а не чесните луѓе.

Сега ќе пробам да ја објаснам целата пародaксална ситуација, иако според Државен испитен центар сме неписмени и препушувачи, ќе пробам во кратки црти да ви го доловам овој трул систем.

Како е можно, јас и многу други мои соученици од Тетово а и од државата да сме ученици на генерација со сите петки, а сепак според ДИЦ да сме препишувачи и да имаме двојки и тројки на полагањето матура?

Штом ги добивме резултатите од поднесените приговори вчера, бевме упатени да се јавиме во ДИЦ да закажеме термин за увид за утре т.е. денеска, на кое што вчера и денеска добивме одговор со недостапни контакт телефони.

Со платен приговор и увид не можеме да си го оствариме правото на увид.

Овие оценки ни влијааат на успех за уписи и стипендии за факултет.

Срамно и жално е што во оваа држава се гледа само тн. “перење пари” на секој можен начин.

И на крај сакам да прашам дали тестовите се воопшто прегледани или резултатите се само формалност?“ вели во статусот Сара Лалиќ

Поврзани вести

Back to top button