Холандија поништи над 300 пасоши на осомничени исламисти
За 2,5 години Холандија поништи пасоши на повеќе од 300 лица, осомничени за членство во радикални исламистички групи.
Националниот координатор за борба со тероризмот Дик Схоф изјави дека поголемиот број од лицата на кои им биле поништени пасошите веќе заминала во Сирија и во Ирак и се борат на страната на Исламска држава.
Тој посочи дека поништувањето на пасошите значи дека ќе бидат известени холандските власти ако тие се обидат да се вратат во Холандија или ја користат патната исправа за посета на друга земја.
Пасошите нема да можат да ги искористат и неколку десетици лица кои живеат во Холандија, но планираат да ги посетат териториите под контрола на ИД.
– Во Холандија живеат околу 40 лица кои извесно време биле во Сирија и во Ирак. Нивните пасоши не се одземени, но внимателно ги следиме, бидејќи не знаеме зошто се вратиле, посочи Схоф.
Во Холандија Законот за поништување на пасошите на осомничените за тероризам стапи во сила есента 2014 година.