Горјан Славески е новиот светски шампион во бокс: Македонија е мала држава, но ние сме земја на шампиони (ВИДЕО)
Македонецот Горјан Гого Славески стана светски шампион во бокс со голи раце во велтер категорија. Во мечот за светската титула на турнирот што се одржа вчеравечер (25.08) во Мајами, тој го победи Американецот Џејк Лидзи и беше прогласен за нов шампион во велтер категоријата.
– За мојот народ никогаш да не збориш во деминутив. Светски успех. Успеавме. Шампион!“, напиша Горјан по победата, a по мечот тој изјави:- Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони.
Горјан Гого Славески кој има 28 години е дете пораснато во Скопје, во населбата Ѓорче Петров, а последната деценија живее во САД каде среќата ја бараше прво како професионален боксер, а во последно време во борбите со голи раце каде се пронајде и се етаблира во еден од најдобрите.
Gorjan Slaveski defeats Jake Lindsey via unanimous decision (49-46, 49-46, 48-47) to become the undisputed #BKFC welterweight champion. #BKFC49 pic.twitter.com/UulSdpeH5u
— InsideFighting (@InsideFighting_) August 26, 2023