МакедонијаТоп

„Големите македонски газди“ наместо да ги зголемат платите бараат увоз на работници од странство, според искуството од ЕУ тоа би значело масовни силувања (ВИДЕО)

Се погласни се барањата од некои македонски стопанственици за увоз на работници од странство. Во овие нивно барања по се изгледа дека веќе имаат најдено поддршка од власта и некои медиуми. Веќе е дојдено време да ја отвориме дискусијата за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на гостувањето во емисијата (Zoom in) на регионалната телевизија (Bloomberg Adria).

-На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст, посочи Битиќи.

На прашањето на Bloomberg Adria дали во тие 14 отсто невработеност не може да ги најдеме квалификуваните кадри кои што ги бараат компаниите и оттаму да се земат наместо да се бара увоз на работна сила, вицепремиерот одговори дека примарно работната сила ја бараме од тие кои се активни баратели на работа во земјава, но констатација на сите е дека се уште имаме недосток на работна сила во некои сектори и специфична квалификувана работна сила.

На темата за увоз на работна сила во истата емисија говореа и Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата и Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратегиски истражувања на Стопанската комора.

-На пазарот има сериозен недостиг од работна сила, па затоа според стандардот на работниците и платите во регионот и пошироко, сметаме дека ќе мора да се потпираме на работна сила која ќе мора да ја донесеме од блискиот и далечниот исток, а можеби и од други континенти, изјави Бошков.

Глигор Бишев, пак, во неговата изјава истакна дека и покрај тоа што имаме стапка на невработеност од 14,2 отсто, речиси не можат да се најдат лица за работа во градежништвото, но и во голем број други индустрии, а исто така и во голем број услужни сектори.

Но доколку би се увезувала работна сила тоа би било од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка и Бангладеш, имено од овие земји пристигнаа најмногу мигранти за време на бегалската криза во 2016 година во Германија. Последица од тоа беа многубројни силувања во германските градови.

Германската јавност беше во шок по откритието дека во новогодишната ноќ во 2016 годинасе случувале масовни сексуални напади, силувања и грабежи на жени во неколку поголеми германски градови, а поради тоа што повеќето напаѓачи биле мажи од „арапско и северноафриканско потекло.

„Сосема е неприфатливо нашите градови да станат зони на безаконие. Нашите граѓани и нашите гости мора да се чувствуваат безбедно“, изјави тогашната градоначалничката на Келн Хенриете Рекер непосредно пред денешниот кризен состанок на кој претставници на политиката и безбедносните служби ќе се обидат да анализираат како се случила ескалацијата во новогодишната ноќ кога, според сознанијата, група од над илјада странци од арапско и африканско потекло почнала да дивее на околу главната железничка станица во Келн.

Притоа дошло до масовно сексуално малтретирање на жени, грабежи а пријавен е и случај на силување. „Беше страшно, ги имаше стотици, нѐ опколија и сексуално нѐ малтретираа“, сведочела една од стотината жени кои поднеле кривични пријави.

 

Откако германските медиуми почнаа да пишуваат за настаните во Келн, и од другите поголеми градови како Хамбург и Штутгарт пристигнале вести за слични случаи. Според онлајн весникот „Хафингтон пост“, трговијата со дрога во Келн и другите големи германски градови е „цврсто во рацете“ на северноафриканските банди кои во прифатилиштата за бегалци регрутираат нови криминалци. Освен со трговија со дрога, овие криминални групи се занимаваат и со организирано ограбување и провалување во станови и автомобили.

Но нападите кои во новогодишната ноќ се случувале на железничките станици на германските градови претставуваат, според претседателот на полициската управа на Келн Волфганг Алберс, „нова димензија“ на насилство.

Постојат тврдења дека масовни силувања од страна на мигрантите се случуваат до ден денес но тоа се крие бидејќи на бизнисмените им фалат работници и поради тоа на секој можен начин се форсира миграцијата.

Дали слично нешто ќе се случува во Македонија. Доколку овие мигранти не успеале да се интегрираат во развиените европски држави, речиси е невозможно тоа да се случи во Македонија. Чудно е и тоа како македонските газди им фалат работници а секоја година десет илјади лица работноспособно население се иселува од земјава. Па доколку газдите дел од парите за скапи џипови, скапи одмори би го вложиле во својот бизнис, поточно во зголемување на платите на вработените и овозможување на човечки услови за работа, сигруно дека еден добар дел од тие десет илјади работници би останале во Македонија и не би имало потреба од увоз на работници од странство.

 

Поврзани вести

Back to top button