СветТоп

Ѓоковиќ од Австралија ги поддржа ранетите српски момчиња на Косово (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, кој се наоѓа во Мелбурн каде се подготвува за настапот на Австралија опен, кој започнува на 16 јануари, им даде поддршка на повредените српски момчиња Стефан и Милош Стојановиќ, кои беа ранети во Готовуша кај Штрпци со огнено оружје.

Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели фотографија од кошаркарот на „Црвена звезда“ Немања Недовиќ и ракометарот на Србија, кои носеа дресови со имињата на Милош и Стефан Стојановиќ.

Двете момчиња беа ранети од страна на локален Албанец кој кратко потоа беше уапсен и на кој му е определан мерка притвор. Напаѓачот изјавил дека не се чувствува виновен за настанот.

Во меѓувреме двете момчиња се добро и се пуштени на домашно лекување.

Поврзани вести

Back to top button