СветТоп

Гневна толпа пали цркви во Пакистан поради наводно сквернување на Куранот (ВИДЕО)

Бесна толпа во Пакистан ги вандализира црквите во христијанскиот кварт поради наводно богохулење. Стотици луѓе се судрија во христијанската населба Јаранвала во градот Фаисалабад во провинцијата Пенџаб, соопштија безбедносни извори. Насилството било поттикнато од обвинувањата дека најмалку двајца христијани го сквернавеле Куранот.

Пакистанската полиција уапси речиси 130 муслимани во текот на ноќта во источниот дел на земјата каде толпа муслимански верници, револтирани од наводното сквернавење на Куранот од страна на христијанин, претходно ги нападнаа црквите и домовите на малцинските христијани.

Жртви нема, бидејќи христијаните кои живеат со своите семејства во станбена област во областа Фаисалабад во градот Џаранвала брзо побегнале на побезбедни места.

Христијаните кои денеска се вратија во своите домови можеа да видат дека најмалку една црква е целосно изгорена, а уште четири оштетени за време на немирите.

Калид Мухтар, локален свештеник, изјави дека повеќето христијани кои живеат во областа побегнале на побезбедни места.

-И мојата куќа беше изгорена, посочи тој и додаде дека, очигледно, повеќето од 17-те цркви во Џаранвала биле цел од напаѓачите.

Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат стотици мажи собрани пред црквата извикувајќи слогани против христијанската заедница. Пакистанскиот бискуп Азад Маршал повикал полиција на помош.

Франс прес пренесува дека искрата на насилство се запалила кога група фанатици обвиниле христијанско семејство за сквернавење на Куранот. Фотографии од запален Куран биле споделени на интернет, што ја запали толпата, рече Рана Имран Џамил, портпарол на градските безбедносни служби. Според него, опожарени се четири цркви, а нема информации за повредени.

 

 

Богохулењето е чувствително прашање во Пакистан и обвинетите за извршување на таков чин се цел на екстремистички муслимански групи. Во некои случаи, осомничените се убиваат, живи се запалени или мачени до смрт. Во еден таков случај во 2020 година, пакистанско-американски државјанин бил убиен во судница за време на судење. Во 2021 година, државјанин на Шри Ланка бил мачен до смрт поради наводна навреда на исламската вера.

Поврзани вести

Back to top button