БизнисТоп

Главниот соработник на Ворен Бафет: На светот му се заканува тотален колапс, доларот оди на нула“

Чарли Мангер, еден од најбогатите луѓе во Америка, смета дека продолжувањето на политиката на печатење пари ќе доведе до тотален економски колапс и ќе отвори можност за појава на нови диктатори и нови војни.

Чарли Мангер, главниот соработник на американскиот мултимилијардер Ворен Бафет, се уште е еден од најпочитуваните економски советници во САД, иако наполни 98 години. Со оглед на тоа дека се повеќе се пишува и зборува за големата економска криза која наскоро ќе го зафати целиот свет, а која влече корени од војната во Украина, Мангер даде своја оценка, која воопшто не е светла.

Мaнгер тврди дека една од најопасните работи што сега можат да ја направат земјите, особено САД, е неконтролираното печатење пари, со цел да се спречи кризата и да се смири населението. Но, според него, тоа е краткорочно решение на проблемот што е увертира за многу подлабока и попогубна криза.

Политичарите не туркаат во инфлација

Според него, инфлацијата ја форсираат политичарите кои сакаат да останат на власт, бидејќи на тој начин можат да продолжат да му ветуваат на населението сигурна заработка и економски просперитет. Сепак, како што вели, ваквиот начин на размислување е „порта до диктаторите“.

Како што објасни, државните трошења ја користат лесната монетарна политика, бидејќи доведува до лесно задолжување без многу зголемено оданочување. Мaнгер предупредува дека фундаменталниот проблем на овој вид на монетарна политика е тоа што владата го губи своето фискално ограничување.

„Не само што имаме сериозен проблем, туку имаме и решение за него: најлесно им е на политичарите и на Федералните резерви само да печатат повеќе пари и на тој начин привремено да ги решат проблемите. Ова, се разбира, создава долгорочни опасности. Знаеме што се случи во Германија кога Вајмарската република го направи истото – се разнесе целата работа. Овие работи се опасни и сериозни. Не сакате да имате еден куп политичари што прават се што е лесно, а теоретски не не повредија минатиот пат, па мислат дека можат двојно да печатат пари и повторно да се извлечат од проблемот. Знаеме што се случува со постојаното удвојување, удвојување, удвојување… Тоа ќе доведе до тотален колапс и тогаш ќе имате многу поинаква влада ако продолжите да го правите тоа“, објасни Мангер.

Така Хитлер дојде на власт

Тој предупреди дека неконтролираното печатење пари може да се претвори во многу блиска катастрофа за американската држава, која, според него, е мотор на економскиот раст во последните 100 години, а последиците, според него, би можеле да бидат глобални.

„Она што го донесе Хитлер на власт беше комбинација од инфлација во Вајмарската Република, каде што целосно ги уништија заштедите на средната класа во Германија, по што следеше Големата депресија. Тоа беше првиот удар. После тоа, Хитлер дојде на власт. Лудиод демагог освои 40 проценти од гласовите на изборите! Набргу потоа имавме диктатор подготвен за светска војна. Значи историјата не е пријатна. Не треба да заборавиме дека Германија беше многу напредна и цивилизирана нација. Германија која ја презема Хитлер. Доколку дозволите вашата нација премногу да пропадне, она што ќе го добиете е Хитлер“, рече Мангер.

Доларот ќе стане безвреден

Тој вели дека огромни политички ризици се јавуваат кога владата ќе ја уништи куповната моќ на валутата, моќта на заработката и вредноста на заштедите. Секоја западна земја може да биде во опасност од тоа да дојде на власт моќен човек кој ветува дека ќе ги реши сите економски проблеми и кога ќе се обиде ќе биде награден со лојалноста на гласачите. Мангер вели дека во прашање не е само крах на берзата, туку најавува целосен економски колапс и ризик од политичка нестабилност.

Тој предвидува дека американскиот долар најверојатно ќе падне на нула во текот на следниот век.

„Ова не е толку лудо како што звучи. Американскиот долар изгуби над 96 отсто од својата вредност од основањето на Федералните резерви. Исто така, изгуби 86 отсто од својата вредност од 1971 година кога САД го напуштија златниот стандард. Тоа би требало да биде знак на долгорочна опасност од инфлација за штедните сметки кои не се инвестираат во средства“, објаснува Мангер.

Поврзани вести

Back to top button